ФОТО | Пет раси кучиња кои се вистински терапевтски пријатели

куче
Малтезер/JoeCaione- Unsplash

Не постои ништо поубаво од тоа кога ќе се вратите дома уморни и на вратата ќе ве дочека вашиот љубимец.

Кучињата имаат терапевтско својство, без оглед на расата. Сепак, некои од овие раси имаат особена моќ да го релаксираат својот сопственик. Издвојуваме пет раси кои посебно делуваат на човекот:

Златен ретривер и лабрадор ретривер

Овие прекрасни суштества се симбол на радост, веселост и игра. Фактот дека се користат во терапевтски цели, како кучиња – водичи, говори многу за нивната моќ да го смират човекот и да пружаат доверба. Исклучително посветени, интелигентни и лесни за тренирање, ретриверите се најсреќни кога се во друштво со луѓе и се вистински пример за суштество кое повеќе ги сака луѓето одошто само себе.

златен ретривер
Златен ретривер/Unsplash

Боксер

Овој пријателски расположен пес е познат по својата способност да ве расположи и да ве насмее во секоја ситуација. Ќе го направи тоа со „понуда“ за галење кога ќе почувствува дека неговиот сопственик е тажен или безволен. Боксерот обожава луѓе и поважно му е да има некој кој знае да му возврати на љубовта, одошто да трча низ простран двор. Овој тип куче е совршен и ако имате мал стан.

боксер
Боксер/Unsplash

Р’т

И покрај тоа што можат да трчаат со брзина од 57км на час, овие грациозни и елегантни џинови сепак сакаат да си лежат и одмараат, и познати се и по тоа дека се големи дремачи. Со многу блага и послушна природа, р’товите ретко лаат, а имаат и посебен начин на искажување блискост со човек – додека стоjат до својот сопственик, лесно се потпираат на неговите нозе.

Р'т
Авганистански р’т/Unsplash

Кокер шпаниел

Припадниците на оваа раса обожаваат деца, а познато е дека лесно се поврзуваат и со деца со ментални и емоционални предизвиканости. Дури и нивното меко, мазно влакно може да делува терапевтски. Кокер шпаниелот е лесен за тренирање, со волја да му угоди на сопственикот. Овие кучиња сакаат да патуваат и каде и да одите на одмор – ќе бидат ваш најдобар компањон.

Кокер шпаниел
Кокер шпаниел/san-miguel/Unsplash

Бернардинец

Оваа прекрасна раса кучиња е инспирација и за Дарлинг, женското куче во приказната на Петар Пан. И навистина, бернардинецот обожава мали деца, а има и голем праг на толеранција. Може да ги опишеме како големо клопче љубов која истовремено зрачи заштита и интелигенција. Совршено куче за семејство со мали деца.

Бернардинец/Facebook
Бернардинец/Facebook

Извор: „Информер“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот