ФОТО | Пендаровски на средба со коалиција „Менуваме“: Неприфатливо е да бидете маргинализирани

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот на државата Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска денеска остварија средба со активисти за правата на лицата со попреченост од коалицијата „Менуваме“ на која биле изложени барањата за подобрување на состојбата на овие лица.

Пендаровски и неговата сопруга Ѓоргиевска изразиле целосна поддршка за барањата на коалицијата „Менуваме“. Пендаровски нагласил дека согласно со неговите надлежности ќе се залага за подобрување на положбата на лицата со попреченост и на нивните семејства.

– Неприфатливо е и натаму да бидете маргинализирани и обесправени, порачал Пендаровски.

Дел од приоритетните барања, кои биле посочени на средбата, се зголемување на износот што го добиваат овие лица како додаток на попреченост и како посебен детски додаток, оформување на регистар за лица со попреченост и отворање на повеќе дневни центри и центри за рехабилитација.

Активистите, како што информираат од Кабинетот на претседателот, ги изложиле нивните заложби за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување на овие лица во целокупниот економски, културен и општествен живот. Овие права им се загарантирани согласно со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите Нации која државата ја ратификуваше пред 10 години, а имплементацијата, како што посочиле од коалицијата „Менуваме“, речиси и да не е започната.

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот