ФОТО | Пендаровски: Да продолжиме да го развиваме Скопје со ентузијазмот со кој беше обновуван од рушевините

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Педесет и осум години по катастрофалниот скопски земјотрес, се сеќаваме на над 1000 наши сограѓани кои го изгубија животот, но и на солидарноста што ја покажа светот кон нас, објави денеска на својот Фејсбук профил претседателот Стево Пендаровски.

– Да продолжиме да го развиваме Скопје со ентузијазмот со кој беше обновуван од рушевините, посочува претседателот Пендаровски во објавата.

Патем, денес делегација од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, по повод 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Положување цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот