ФОТО | Парис Хилтон стана мајка, објави фотографија од синот

парис
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Богатата наследничка Парис Хилтон стана мајка, а среќната вест ја сподели со своите следбеници преку Инстаграм. Оваа вест се чувала во строга тајна до раѓањето на момчето.

Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син преку сурогат-мајка, а среќната вест дека чекаат бебе ја чуваа во строга тајност. Ова е прво дете на Парис, а второ на нејзиниот сопруг кој има 10-годишна ќерка која наводно ја видел само еднаш во животот.

„Веќе си бескрајно сакан“, напишала Парис под фотографијата на која се наоѓа бебешката рака која ја држи нејзината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


Оваа објава ја коментираше Ким Кардашијан која, како што пишува „Дејли мејл“, ја запознала Парис со сурогат-родителство и истото ѝ го предложила.

Парис и Ким, инаку, со години се најдобри пријателки, а се чини дека и сега го продолжиле активното дружење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


Парис никогаш не криела дека родителството е единствената улога во која досега не се остварила и дека има силна желба да стане мајка.

„Отсекогаш ми беше сон да бидам мајка и многу сум среќна што Картер и јас се најдовме. Возбудени сме што заедно ќе го основаме нашето семејство и нашите срца се преполни со љубов кон нашето момче“, додала Парис во изјавата за „Пипл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


Инаку, парот се венча во 2021 година на раскошна церемонија, а Парис по тој повод носеше дури шест венчаници.

Ја чекаше за да не се разделат ниту момент: Картер Реум ја чекаше Парис Хилтон да ги облече нејзините 4 венчаници

Вистинска принцеза од Бел-Ер: Парис Хилтон се омажи за Картер Реум!

Сè е така розово: Парис Хилтон во розова венчаница славаше во забавен парк!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот