ФОТО: Пандев меѓу најдобрите 11 фудбалери од групната фаза на Евро 2020!

пандев
Фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Веќе заврши групната фаза на Европското првенство на кое репрезентативната кариера ја заврши Горан Пандев, нашиот играч доби ново признание.

Во изборот на холандскиот портал „NOS Sport“ македонскиот фудбалер се најде меѓу најдобрите 11 играчи од групната фаза на континенталниот шампионат.

Во нападот покрај Пандев се и Роналдо (Португалија) и чешкиот репрезенатувец Шик, зад нив се Бејл (Велс), Локатели (Италија), Вајналдум (Холандија) и Де Брујн (Белгија).

Одбраната ја пополнуваат Госенс (Германија), Кјаер (Данска) и Дамфрис (Холандија).

Пандев го постигна првиот гол за Македонија на Европското првенство, изнуди пенал на дуелот против Украина.

ВИДЕО: Ти благодариме Пандев, и Снајдер со аплаузи за македонската фудбалска легенда!

Кои беа најбрзите македонски репрезентативци на Европското првенство?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот