Фото: Instagram/ theofficialdonaldduck

ФОТО | Пајо Паторот денеска полни 89 години: Нервозен, мрзоволен, но шармантен цртан лик

Многумина од нас пораснаа гледајќи ги цртаните филмови на „Дизни“, со ликот на Пајо Паторот, прикажан како нервозен, мрзоволен, но многу шармантен цртан лик.

На денешен ден, во 1934 година е емитуван првиот цртан филм со наслов „The Wise Little Hen“, во кој се појавува ликот на Пајо Паторот. Препознатлив по неговиот специфичен и неразбирлив говор, најчесто е прикажан во морнарска униформа и капа, со црна или црвена машна.

Фото: Instagram/ theofficialdonaldduck

Неговиот разигран темперамент го доведува во разни неволји и кавги со пријателите. Лесно се нервира, а честопати покажува и љубомора. По примерот на неговиот вујко, Пајо многу го сака златото и богатството и постојано е опседнат со желбата да се збогати. Сепак, Пајо Паторот е прикажан како многу шармантен, лојален и добар пријател.

Фото: Instagram/ theofficialdonaldduck

Цртаниот лик во неговите авантури го придружуваат девојката Пата, чие однесување често го „полудува“, Мики и Мини Маус, како и неговите внуци, на кои често им се фали со приказни од младоста.

Инаку, покрај цртаните долгометражни и краткометражни филмови, Пајо е познат и по неговото прикажување во многу стрипови. Една од неговите најпознати изреки е: „О момче, о момче, о момче!“.

Фото: Instagram/ theofficialdonaldduck

Во 2004 година, овој цртан лик ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, потврдувајќи ја својата титула како „најпознатата патка во светот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот