ФОТО: Падната бандера на улицата „50-та Дивизија“

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Како последица на невремето што вчера во попладневните часови ги зафати Скопје и Тетово, на улицата „50-та Дивизија“ во Скопје падна бандера.

Од ЦУК утрово информираа дека во скопскиот и тетовскиот регион се санираат штетите. Пријавени се штети за поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, фасади…

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Центарот за управување со кризи утринава информира дека во тетовскиот регион на терен се 22 пожарникари со 15 пумпи и целокупна механизација. Етапно се чистат сите поплавени подруми, гаражи, куќи, објекти и други поплавени површини. Патните правци во овој регион се проодни, но на одредени места на коловозите има наноси од кал, песок, камења и друг материјал, што го забавуваат и отежнуваат сообраќајот.

Заради невремето половина од градот Тетово беше без електрична енергија. Информациите од ЕВН Македонија се дека се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред, ќе се пушта електрична енергија дел по дел. Планинските села и 60-тина проценти од Тетово има електрична енергија, а останатите етапно ќе бида вклучувани во наредните часови.

Во Скопје до утрово се примени 42 пријави за паднати дрва на повеќе локации во градот за што се известени дежурните служби во ЈП Паркови и Зеленило, Град Скопје и ЈП Водовод и Канализација. Пријавени се четири случаи за проблеми со напојување со електрична енергија, од кој еден за трансформатор што искрел во Зелениково и за паднати бандери.

Пријави за поплавени подруми, куќи, оштетени автомобили, паднати дрвја по вчерашното невреме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот