ФОТО | Овојпат сопственик на винарија: Ова е новото момче на Северина?

Instagram
Instagram

Во  естрадните круговите во Хрватска наголемо се „шушка“ дека од ова лето Северина Којиќ (48) наводно била во врска со Томислав Воштиниќ, разведен сопственик на винарија од Иваниќ Град, кој е десет години помлад од неа!?

Долго време се шпекулираше дека пејачката и нејзиниот сопруг Игор Којиќ не се во добри односи и дека раскинувањето е дефинитивно. Ова е поткрепено со фактот дека Севе не стапна во Србија повеќе од шест месеци. Со сите шпекулации за распад на бракот, последните месеци главна тема меѓу нејзините колеги во нејзината земја беше нејзиното, наводно ново момче.

Instagram
Instagram

Извор од Хрватска, за српски „Курир“ изјавил дека тоа е јавна тајна и дека никој од тимот на пејачката или винаријата, сепак нема да тоа јавно да го објави. Многумина веруваат дека тоа е затоа што Севе сè уште е мажена за синот на Кеба. Соговорникот тврди дека Северина и Воштиниќ се запознале на почетокот на ова лето преку заеднички пријатели и дека  веднаш за појавиле љубовни искри. Тие, наводно, продолжиле да комуницираат преку телефон и социјалните мрежи и наскоро започнале врска.

Воштиниќ ја следи Северина на социјалната мрежа Инстаграм и ги лајкува скоро сите нејзини објави, но, сепак го следи и Игор, веројатно со цел да не го привлече вниманието на јавноста, тврди изворот кој добро ја познава пејачката.

Наводно, таа поголемиот дел од летото го поминала на имотот на нејзиниот партнер во Граберје Иванишки, каде покрај 3,5 хектари лозја, Воштиниќ има и своја винарија. Тој неодамна се преселил таму од Иваниќ Град, веројатно по разводот од неговата сопруга, со која има две деца. Според изворот, Томислав е пристоен, вреден и амбициозен човек, а  останал и во добри односи со неговата поранешна сопруга.

Instagram
Instagram

Тој потврдил дека е разведен во неодамнешното интервју за веб-страницата „Винска приказна“, каде што, додека зборувал за неговиот бизнис, ја спомнал својата поранешна сопруга. Интересно е тоа што Воштиниќ е оптичар по професија и дека се занимавал со овој семеен бизнис седум години.

Instagram
Томислав Воштиниќ / Instagram

 

Сепак, во исто време, тој отишол во куќата на неговиот дедо во Граберје Иванишко, каде и му се родила љубовта кон виното. Потоа се откажал од сигурната работа и се посветил на ванската уметност, во која денес е многу успешен и добро заработува.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот