ФОТО | Овој пат претера: Дамиано Давид сосема гол честиташе Божиќ, обожавателите го осудија

дамиано давид
Фото: Принтскрин / Instagram

Дамиано Давид, фронтменот на бендот „Манескин“, кој годинава победи на Евровизија, е познат по своите многу ексцентрични објави на социјалните мрежи.

Судејќи според коментарите на неговите следбеници на социјалните мрежи, Дамиано можеби малку повеќе претерал со фотографијата со која го честиташе Божиќ.

Пејачот се потрудил неговата божиќна честитка да се разликува од другите, па одлучил целосно гол да го честита Божиќ.

„Среќен Божиќ на сите. Лего и јас“, напишал Дамиано на Инстаграм. Убавиот пејач позирал држејќи ја својата мачка, а интимните делови од телото ги покрил со налепница (емотикон со Дедо Мраз).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

За кратко време повеќе од 1,4 милиони луѓе ја „лајкнале“ фотографијата, но коментарите не се баш најубави.

И додека добиваше комплименти од оние најжестоките обожаватели, некои му сугерираа дека овојпат малку претера: „Ми се допаѓаш, но ова е премногу“, „Дамиано, ова си ти, но ова не е соодветна ситуација“, „Се срамам поради тебе“…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

Видео на денот