ФОТО | Овој човек прв требаше да се ожени со Цеца: Беше нејзина голема љубов, а години подоцна судбината повторно ги спои
Првото момче на Светлана Ражнатовиќ – Цеца, фудбалерот Владан Лукиќ своевремено важеше за голем заводник, а се шушкаше дека наводно се вериле и ќе се венчаат. Ти ја започнаа својата романса во далечната 1989 година, во тоа време Цеца штотуку ја започнуваше пејачката кариера, па затоа со Владан беа доста актуелни и често ги полнеа страниците на весниците.
Владан ѝ бил првиот познат дечко на Цеца, но љубовта завршила следната година, кога тој отишол во војска и одлучиле да ја прекинат врската.
Тогаш се шпекулираше дека Цеца му ја посветила песната „Пуштете ме да го видам“ („Пустите ме да га видим“) на Владан.
Она што е интересно е дека години подоцна, пејачката пееше на свадбата на неговата ќерка Сара.
– Јас дојдов овде преку врски од едно 30 години, кога се запознавме со Влада, тој навреме знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шега на страна, Сара сакаше јас да ѝ пеам денес. Гледам дека сте прекрасно расположени – се пошегува потоа пејачката, пренесува „Еспресо“.