Еден од најпознатите композитори во регионот, автор на филмска музика и поранешен фронтмен на „Бело дугме“, за време на својата кариера зборуваше за се, па така и за дрогата, сопственото порно видео и љубовните авантури. Страста кон жените му се јавила уште на 17 години, кога започнал да свири. Во раните деведесетти тој запловил во врска со за јавноста непознатата танчерка Јасенка, а од таа љубов се родила и неговата ќерка Жељка, за која малку се знае.Facebook
Поранешниот фронтмен на групата „Бјело дугме“, Горан Бреговиќ со вонбрачната ќерка денес е во одлични односи. Жељка не се експонира во медиумите, само понекогаш објавува нешто на социјалните мрежи.
Кога последен пат таа објави фотографија од себе на фејсбук-профилот пријателите ѝ коментираа дека изгледа убаво и ѝ порачаа дека е време да „најде некој Босанец“. Ќерката на Бреговиќ коментираше дека „во љубовта сѐ уште верува“, а во бракот малку помалку.
Жељка Бреговиќ завршила факултет за дизајн, а со години живее во Виена. Судејќи според објавите, една од нејзините ќерки повлекла гени од дедото и свири пијано.
Фото: Инстаграм
Покрај неа, славниот музичар со сопругата Џенана има три ќерки, Лулу, Ема и Лолу.
„Моите деца, кога беа мали, за време на Бајрам беа муслимани, бидејќи тогаш се добиваа подароци, а за време на Божиќ и Велигден беа христијани бидејќи и за тоа се добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната, која сега е во пубертет е будист. Тоа, нормално, не ми пречи. “, изјави Бреговиќ.