ФОТО | Ова е актерот што ќе го глуми Дражен Петровиќ во филмот за „кошаркарскиот Моцарт“

Фото: Инстаграм/Домагој Нижиќ/EPA-EFE/ANTONIO BAT

Младиот хрватски актер Домагој Нижиќ (25) ќе го толкува прерано починатиот кошаркар Дражен Петровиќ во претстојниот биографски филм за „кошаркарскиот Моцарт“.

Филмот ќе биде снимен во режија на Данило Шербеџија, а целиот проект ќе се изреализира по иницијатива на продуцентот Љубо Зџеларевиќ и Ивор Шибер.

„Со многу верба, надеж, љубов и посветена работа ќе се обидам да ја применам неговата личност во својата работа, тренирајќи. Така што, се надевам дека ќе успеам да го претставам Дражен во актерството“, изјави Нижиќ за „РТЛ“.

Домагој Нижиќ / Фото: Инстаграм/Домагој Нижиќ

Актерката Зринка Цвитешиќ ќе ја толкува улогата на Бисерка Петровиќ, мајката на Дражен Петровиќ.

Инаку, висинската разлика меѓу актерот и починатиот кошаркар е само еден сантиметар. И самиот Нижиќ се занимавал со спорт, поточно со одбојка.

„Тој е пример за сите млади луѓе – не само за спортистите, туку и за останатите. Тој е пример за тоа како треба да се живее животот и како со одрекувањето доаѓа голема одговорност, со која доаѓа и голема убавина. Мислам дека тој ни ја остави таа убавина на сите нас. Тоа е наследство со кое сите ние треба да живееме во иднина“, заклучи актерот.

Споменикот на Дражен Петровиќ во Загреб, Хрватска / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Дражен Петровиќ беше југословенски и хрватски кошаркар, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња. Тој ја започна својата кариера во КК Шибенка, па продолжи во КК Цибона и КК Реал Мадрид, со кој имаше најмногу успеси. Кариерата ја продолжи во НБА клубовите Портланд Трејл Блејзерс и Њу Џерси Нетс.

Со репрезентацијата на Југославија освои бронзен и сребрен медал на Летните олимписки игри во 1984 и 1988, а со репрезентацијата на Хрватска освои сребрен медал во 1992. Во 1985 година, тој ја прими наградата „Златна значка“ на списанието „Спорт“, наградa за најдобар спортист во тогашна СФРЈ.

Петровиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија на 7 јуни 1993.

ВИДЕО | Tри децении без кошаркарскиот „Моцарт“, на денешен ден светот остана без големиот Дражен Петровиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот