ФОТО | Отворен најдолгиот висечки пешачки мост во светот: Се наоѓа во Португалија и е долг 516 метри

Фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Денеска е отворен најдолгиот висечки пешачки мост во светот, во близина на градот Арука во северна Португалија.

На шеесет километри од Порто, во градот Арука, денеска беше отворен мост долг 516 метри, кој се наоѓа над кањонот на реката Паива во рамки на националниот парк заштитен од УНЕСКО. Тој е изграден на 175 метри над земјата и е 1,2 метри широк.

Фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Овој најдолг висечки мост е направен од челични кабли и метални решетки, а поставен е помеѓу два огромни бетонски столба и од денеска е отворен само за локалното население, додека од понеделник секој може да резервира посета.

Властите и жителите на Арука се надеваат дека оваа единствена атракција, чија изградба чинеше околу 2,3 милиони евра и траеше околу две години, ќе помогне во заживување на регионот, особено по разорната пандемија на ковид-19.

Фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот