ФОТО | Откриена адресата во центарот на Софија каде „живеат“ илјадници Македонци со бугарски пасоши

Бугарската агенција БГНЕС објави една адреса на која се водат дури 45.752 имиња со место на живеење, а нивниот список се простира на 1.000 страници.

Јагма за бугарски државјанства, половината од Македонија

Станува збор за адресата на живеење која се наоѓа во округот Средец во центарот на Софија. Фотографијата со гласачкиот список од овие имиња ја објави општинскиот градоначалник пред одржувањето на парламентарните избори во Бугарија.

Најнаселеното гласачко место е Средец – Ова до БГНЕС ја доставил градоначалникот на регионот Средец, Траичо Траиков, стои во описот на фотографијата што ја објави бугарската медиумска агенција / Фото: Принтксрин –  БГНЕС

Сите овие илјадници странци ја имаат истата адреса – улицата „Леге“ 6 во главниот град, каде се наоѓа администрацијата на областа Средец, потврди за БГНЕС градоначалникот на регионот.

800 евра доволни за бугарски пасош

„Ова е затоа што според законот оние што се стекнале со бугарско државјанство, кои живеат во странство, добиваат постојана адреса кај нас во зградата на окружната администрација“, објасни Трајков. Според последните податоци, тие се веќе над 82 илјади луѓе.

„Честопати ги гледам овие луѓе кога користат административни услуги во областа. Сепак, гласачките ливчиња веројатно ќе останат недопрени, како што се случувало досега “, рече Трајков.

Бугарија на тапет на Европската комисија поради бугарските пасоши за Македонците и за „инвеститорите“

Спаска, Митко, пописот – што го полни бугарскиот тефтер?

„Војна“ меѓу македонската власт и опозицијата, меѓу бугарските – единство на дело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот