ФОТО | Островот на жените крие богата историја: Ова е последниот европски матријархат!

островот на жените
Последниот европски матријарх / Фото: Anne Helene Gjelstad / Instagram

Кихну или Островот на жените е едно изолирано место во Балтичкото Море на западниот брег на Естонија, наречено и последниот европски матријарх.

Длабоките брчки во рацете на последните жителки на островот се притоки кои течат и сведочат за долгиот тек на традицијата.

Ова изолирано место често нарекувано како последниот европски матријарх, е островска заедница која преживува првенствено поради силата и издржливоста на жените.

Чувари на културата

Овие жени се чувари на богатата култура која е на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.

Жените од Кихну се занимаваат со земјоделство, воспитување на децата и секојдневниот живот, кој е исполнет со обврски поврзани со одржување на традицијата на предците.

Онаму каде што мажите биле отсутни низ историјата – затоа што работеле на море како рибари или во странство – улогата на жената се проширила надвор од традиционалните родови улоги и во секој аспект од животот.

Тие се чувари на песната, орото, традиционалното ткаење и ракотворбите. Вршат обреди на премин, како што се свадби и погреби.

Нивната приказна е документирана

Нивната приказна ја раскажа и фотографката Ан Хелен Гјелстад. Таа била поканета на погребот на една жена на Кихну. Се нашла во кујната опкружена со постари жени облечени во сино, бојата на жалоста.

„Ова е приказна за минатото што е важно за иднината“, рече таа. „Моето внатрешно убедување беше дека морав да го документирам ова, да го ставам во книга, да пишувам приказни“.

Фотографката во обид да ја раскаже приказната за местото проткаено со традиција и Калевала-метарските песни (древна усна традиција на музичко раскажување), ткаени и извезени алишта со светли бои и способноста на жените да преземат сè во свои раце, од поправка на мотори до одгледување добиток, ја раскажува и приказната за опстанокот, иако за жал, со неизвесна иднина.

И покрај тешките времиња и 50 години советска окупација, оваа матријархална традиција опстанала.

Но, сега додека младите генерации бараат можности за подобар живот, истиот на единствената островска култура е загрозен.

Иако сезонскиот туризам напредува бидејќи љубопитните посетители доаѓаат да научат за богатата традиција на Кихну, обезбедувајќи го многу потребното спасение за островот, населението старее и опаѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот