ФОТО: Остра осуда од Турција на карикатурата на Ердоган во „Шарли Ебдо“

Фото: EPA-EFE/STR

Високи турски владини претставници ја осудија карикатурата на претседателот Реџеп Таип Ердоган во францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, истакнувајќи оти е „одвратен обид за ширење на културен расизам и омраза”.

Шарли Ебдо со нова шокантна карикатура: Ердоган во долна облека и гол задник на жена со хиџаб

– Силно ги осудуваме карикатурите на нашиот претседател во француското списание кое нема почит кон ниту една религија. Ништо не им е свето, немаат никави вредности, напиша портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин на Твитер.

Тој додаде дека со тоа „Шарли Ебдо“ покажува дека е „вулгарен и неморален”.

– Напад врз нечии приватни ставови не е хумор, ниту слобода на изразување, додаде Калин.

Додека претставникот на Ердоган за медиуми, Фахретин Алтун изјави дека антимуслиманската пропаганда на францускиот претседател Емануел Макрон „дава плодови”.

– Го осудуваме најодвратниот чин предизвикан од најновата карикатура што шири расизам и омраза, напиша Алтун ан Твитер.

На насловната страница на „Шарли Ебдо“, Ердоган седи во бела кошула и долна облека, држи пијалак и го подигнува здолништето на жена во хиџаб на која и се гледа задникот.

ВИДЕО: На згради во француските градови се прикажуваа карикатури од Мухамед од „Шарли Ебдо“

Не се смируваат односите меѓу Анкара и Париз, откако Ердоган повика на бојкот на француските производи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот