ФОТО | „Остани така сладок и шеќерен засекогаш!“: Тамара Тодевска објави семејни фотографии за шестиот роденден на син ѝ Дарен

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Синот на пејачката Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски – Мачка денеска наполни 6 години.

По тој повод, музичката ѕвезда објави неколку семејни фотографии со кои му го честиташе роденденот.

„Среќен роденден љубовче мамино. Не можеш ни да замислиш колку те сакам. Остани така сладок и шеќерен засекогаш. Ти си нашето златно дете. Хана е најсреќна што те има баш тебе за нејзин брат. А и блесав си за медаља. Денес е твој ден. Биди ми здрав и жив“ – ова се слатките пораки кои Тодевска ги напиша на секоја од фотографиите.

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Дарен доби честитка и од архитектот Лука Радовиќ, кој е во љубовна врска со Тодевска нешто повеќе од една година.

„Мал голем човеку, среќен роденден! Секогаш да сме вака насмеани и мускулите, конечно, да ти пораснат“, напиша Радовиќ на својата инстаграм-сторија.

Фото: Инстаграм/Лука Радовиќ

Да потсетиме, Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски – Мачка стапија во брак во 2015 година, а минатата година ја објавија веста дека се разделуваат. Тие имаат две деца – седумгодишната Хана и петгодишниот Дарен.

Сега е во врска со архитектот Лука Радовиќ.

„Спонтаноста, едноставноста, позитивната енергија се секогаш особините што ме привлекувале… Лука е многу внимателен и посветен. Оттука, јасно е зошто добро функционираме“, раскажа пејачката во интервју за „Слободен печат“, одговарајќи на прашањето: „Со што те освои Лука?“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот