ФОТО | Општина Центар со 15 стебла јавори го обнови дрворедот на улицата „Орце Николов“

Со ова, додаваат општинските власти, Центар става крај на шпекулациите за наводно проширување на коловозот или на објектите на улицата / Фото: Фејсбук, Саша Богдановиќ

Службите на Општина Центар во текот на вчерашниот ден засадија нови садници на местата на старите, шупливи и болни стебла, кои беа отстранети при реконструкцијата на улицата „Орце Николов”.

Како што информира Општина Центар, засадени се 15 веќе подраснати стебла јавори, од видот Acer Campestre, од контејнерско производство, високи над 4 метри и со обем на стебло од 22 до 26 сантиметри.

– На почетокот на јуни Општина Центар ги отстрани старите и болни дрва поради поплаките од жителите од околината, кои бараа да бидат отстранети затоа што при секое поголемо невреме имаше опасност од нивно паѓање и нанесување штета. Новите дрва во годините што следат повторно ќе го вратат препознатливиот зелен лик на улицата „Орце Николов”, се наведува во соопштението.

Со ова, додаваат општинските власти, Центар става крај на шпекулациите за наводно проширување на коловозот или на објектите на улицата.

– Според проектот за реконструкција на „Орце Николов”, зеленилото на улицата е зголемено за 20 отсто од пред реконструкцијата. Покрај јаворите, во долниот дел ќе се засадат и ниски грмушести садници, кои освен декоративната улога, ќе го следат движењето на улицата, ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот, се додава во соопштението.

Фото: Фејсбук, Саша Богдановиќ
Фото: Фејсбук, Саша Богдановиќ

Извор: МИА

ФОТО+ВИДЕО: На улицата Орце Николов од утрово се сечат дрва, граѓаните тврдат здрави, а не суви и болни

Богдановиќ: Паднатото дрво на „Орце Николов“ покажува дека има болни дрвја кои се потенцијална опасност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот