ФОТО: Опозицијата на нозе, велат ќе се продава Гоце за зделка со марихуана

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ протестира во 11 градови низ државата. Во Кратово и Крива Паланка народот масовно излезе на улиците да го покаже незадоволството од владеењето на СДСМ и мафијата на власт, стои во соопштението од опозицијата.

Велат дошле да ја одбранат Македонија од душманите од оние кои не и мислат добро на државата, а тоа е токму лидерот на СДСМ, Зоран Заев, стои во соопштението.

Викендов Заев зедно со бугарските власти ќе разговараат за распарчување на Македонија, ние тоа нема да го дозволиме, порачаа поддржувачите на опозицијата.

-Сакаат да го продадат Гоце, за да склучат уште некоја зделка за производство на марихуана или некоја друга бизнис зделка. Ние тоа нема да го дозволиме. Досра е веќе! Напушете ја Владата и ослободете го Собранието и Судот. Неспособни сте, и тоа го видовме овие четири години додека си игравте држава. Преку глава му е на народот од вашите погрешни и антидржавни политики. Веднаш оставка! Бараме оставка на Заев и неговата криминална власт и слобода за народот!, бараат жители на Кратово и Крива Паланка.   

Учесниците на протестот во одделни обраќања побараа веднаш да прекинат преговорите со Бугарија, а членовите на меѓудржавната комисија за историски прашања да поднесат оставки.

Историчарот Ѓорѓиев: На 3 и 4 декември ќе разговараме за Гоце Делчев

Инаку, попладнево опозицијата најави дека планира да ја блокира Владата и МНР.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако не каже Заев за што тајно преговара во Софија следи блокада на Владата и МНР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот