ВИДЕО+ФОТО: Опозицијата истакна транспаренти додека зборуваше Фон дер Лајен во Собранието

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

За време на обраќањето на претседателката на Европската Комисиај Фон дер Лајен во Собранието, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ извадија транспаренти како „Предавници на народот“, „Јазикот е идентитетот“, „Народот вели не, свестете се“, „Ултиматум не благодарам“, „Гоце Делчев е Македонија“, отпечатени и на македонски и на англиски јазик.

Опозициските пратеници носеа и маички со отпечатено големо црвено „НЕ“.

Транспарентите беа отпечатени двострано за да можат пораките да ги видат јасно и амбасадорите и странските дипломати кои седеа во галеријата на собраниската сала.

Фон дер Лајен во обраќањето се осврна и дека го разбира нивниот револт што долг период Македонија не ги започна пристапните преговори, но истакна дека ова е шанса која не смее да се пропушти.

„Почитувани пратеници многумина од вас ќе бидат фрустрирани што вашата држава се уште не ги започнала пристапните преговори. И јас сум исто така. ЕК препорачува отворање на преговорите во последните 13 години и се разбира дека ќе бидете фрустрирани што отворањето на преговорите со ЕУ не се случи веднаш по Договорот од Преспа. Ова беше горчливо, но никогаш не се откажавте и ние сите заедно никогаш не се откажавме. Заедно го следевме нашиот сон за една Европска Унија и заедно ќе го претвориме овој сон во реалност“, порача Фон дер Лајен.

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Видео на денот