ФОТО | Омилениот семеен автомобил: 50 години од „Застава 101“ и носталгија која сѐ уште трае

Instagram
Instagram

Деновиве, великанот на југословенската автомобилска индустрија „Застава 101“, популарниот „Стоеден“ или „(Сто) Ас“ го прослави својот 50-ти роденден и иако денес ретко може да се најде на нашите патишта, носталгија за овој автомобил сѐ уште трае.

Кога популарниот „стоеден“ беше воведен во 1971 година, тоа беше голем настан бидејќи производството на автомобил што не беше лиценцирана копија на западен модел конечно започна во поранешната Југославија.

Го произведувала фабриката „Застава Автомобили“ од Крагуевац, а беше создаден врз основа на тогаш технички многу модерниот „Фиат 128“, со малку изменет заден дел – петта врата, и беше еден од првите произведени автомобили во денешната преовладувачка хечбек варијанта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slavic Nostalgic Cars (@retroslavcar)


Гордост на автомобилската индустрија

Во согласност со европските трендови на реконструкција во периодот по Втората светска војна, и во Југославија, посебно внимание беше посветено на развојот на автомобилската индустрија. Имаше неколку фабрики за автомобили и камиони во поранешните југословенски републики, а секако најголемата и најважна беше Крагуевац, „Застава 101“, некогашната гордост на југословенската индустрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jugoslavija (@jugoslavija_yugoslavia)


Скоро немаше семејство во поранешна Југославија без да поседува автомобил „Застава 101“. Така, колективните одмори на работниците во социјалистичка Југославија се случувале во согласност со процесите на модернизација и создавање на ново социјалистичко општество.


Од почетокот на шеесеттите години, на мал број новоизградени патишта во републиката, малиот симпатичен автомобил „Застава 750“ популарно наречен „Фиќо“ бил премал и преоптоварен во летните месеци, кога едно просечно четиричлено семејство заминувало на море.

Семеен автомобил

Кон крајот на 1960-тите, раководството на „Zavoda Crvena zastava“, предводено од директорот Првослав Раковиќ, побарал нов модел на автомобил. Тие посакале да ја завршат својата производна програма со семеен автомобил што би се наоѓал меѓу тогашното легендарниот „Застава 750“, мал градски автомобил популарно познат како „Фиќо“ и „Застава1300“ или „Тристач“ што за тоа време бил лимузина или луксузно деловно возило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jugoslavija (@jugoslavija_yugoslavia)


Сепак „Застава 101“ бил како правен „по мерка“ за едно просечно југословенско семејство за кој сопствениците остануваат вечно сентиментално поврзани со оваа марка на автомобил .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот