ФОТО: Оливиа Родриго стана нов моден инфлуенсер благодарение на стајлингот што го носеше во Белата куќа

оливиа родриго
Фото: Принтскрин / Instagram

Покрај тоа што беше на самиот врв на музичките топ листи во последните месеци, американската пејачка Оливија Родриго може да се пофали и со големо модно влијание, кое се најде во центарот на вниманието на светската јавност при нејзината неодамнешна посета на Белата куќа, пишува „tportal“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Rodrigo (@oliviarodrigo)

Откако наполни 18 години на почетокот на февруари, Оливија Родриго ја прифати улогата на главен амбасадор во кампањата за промовирање на вакцинација против ковид-19 на младите. По тој повод, таа се појави во Белата куќа, каде имаше можност да одржи говор и да се сретне со претседател Џо Бајден.

На едно од многуте нејзини интервјуа, американската музичка сензација откри дека е обожавател на винтиџ парчиња од продавници за втора употреба, а тоа го потврди и со својот стајлинг со кој се појави во Белата куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by olivia rodrigo🦋 (@oliviarodrigoe)

Родриго носеше розов винтиџ сет со потпис на Шанел, а како што истакна „Lyst“ во својот нов извештај, пребарувањата за винтиџ парчиња на „Шанел“ се зголемиле за 200 проценти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vice President Kamala Harris (@vp)

Ѕвездата носеше тенок сребрен ремен со натпис „Шанел“, а побарувачката за исти и слични верзии од недела во недела бележи зголемена побарувачка за 121 процент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот