ФОТО| Охридскиот градоначалник со капење во езерето го прослави Водици

Фото: Фејсбук

Градоначачникот на Охрид Константин Георгиески со капење во Охридското Езеро го прослави празникот Богојавление-Водици, без разлика на тоа што верниците оваа година не се фрлаа по Светиот крст. 

Георгиески на својот профил на Фејсбук објави фотографии, на кои може да се види како влегува во водите на езерот, а преку порака им го честита празникот на сите граѓани од Христијанска вероисповед. 

Фото: Фејсбук

„Во духот на христијанските вредности, во “Долна Влашка Маала” на “Мазија” ја продолжив мојата Богојавленска традиција! Нека ни е за многу години Водици, здравје и радост за сите! Бог се јави!“, напиша Георгиески на својот Фејсбук профил. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот