ФОТО: Огромна гужва на руско-монголската граница

Фото Колаж на СП/ Профимедиа

Илјадници државјани на Русија со часови чекаат да влезат во Монголија во обид да ја избегнат мобилизацијата.

Според очевидци, Русите чекаат повеќе од 16 часа за да влезат во Монголија. Поединци тврдат оти тоа им е „единствен избор”, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „делумна мобилизација” на 300.000 резервисти.

Монголија, што речиси целосно е зависна од руските нафта и гас, официјално има неутрален став за конфликтот во Украина.

Русија преговара за нов инфраструктурен проект за испорака на гас за Кина преку Монголија. Минатиот месец, монголскиот претседател Укнагин Куреслук во Узбекистан се сретна со претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, за плановите поврзани со гасоводот, чија изградба ќе започне во рок од две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот