ФОТО | Официјално: Тренинг-центарот на Аргентина ќе го носи името на Лионел Меси

Фото: AFA/Тwiiter

По освојувањето на Светското првенство со Аргентина, голем дел од фудбалската јавност го прогласи Меси за најголем во историјата. Секако, најмногу тоа е изразено во неговата Аргентина.

Аргентинците сега одлучија тренинг-центарот, „Езеиза“ од денес да го носи името по „десетката“ на „Гаучосите“.

Денес во тренинг центарот се одржа специјална церемонија на која тренинг-центарот официјално го доби името „Тренинг-центар Лионел Андрес Меси“.

„Навистина сум благодарен, ова е многу емотивен момент за мене. Пред 20 години првпат дојдов тука и веднаш почувствував посебна енергија. Многу сум среќен, ова признание за мене е многу големо“, изјави Меси.

Фото: AFA/Тwiter
Фото: AFA/Twitter
Фото: AFA/Тwitter

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот