ФОТО | Официјално е: Ова е најгрдото куче на светот
Се одржа натпревар за избор на најгрдото куче на светот, а победата ја однесе чивава со мешана раса по име Mr. Happy Face (Г-дин Среќно лице), „The New York Times“.
Натпреварот се одржа во Петалума, Калифорнија, а сопственичката Џенеда Бенали и нејзиното милениче ја освоија главната награда од 1.500 долари и патувањето во Њујорк.
View this post on Instagram
Џенеда, која живее во Аризона, го посвоила ова куче пред 10 месеци. Таа барала куче кое има најмали шанси за посвојување.
Г-дин Среќно лице живеел во лоши услови додека не пристигнал во прифатилиштето. Беше запоставен и денес на 17 години има тумори и невролошки проблеми, носи пелени и се бори да стои или да оди исправено.
View this post on Instagram
Ја држи главата навалена, а кога е среќен испушта звук кој потсетува на звук од мотор на камион.
Овој натпревар го промовира посвојувањето на кучиња, дури и оние со одредени пречки во развојот.
View this post on Instagram