ФОТО: Одбележани јавните простори во Скопје каде се случило сексуално вознемирување

Со обележување на јавните простори во градот Скопје, каде најчесто се случува/ло сексуално вознемирување на јавни простори, го обележавме 25 ноември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и одбележуваме 16 дена против родово базирано насилство.

Герила акцијата на „Женска слободна зона“ е изведена на места, односно локации наведени од жени и девојки кои доживеале сексуално вознемирување на јавните простори во градот Скопје и кои пополниле анкета спроведена во октомври 2020.

-Со оваа акција, сакаме да ја подигнеме свесноста за оваа форма на сексуално вознемирување и истовремено да испратиме порака за солидаризација и заедничка борба против сите форми на вознемирување и насилство врз жените- велат оттаму.

Женска слободна зона (ЖСЗ) е женска иницијатива за зголемување на свесноста за сексуалното вознемирување на жени на јавни простори.

Иницијативата е производ на желбата за солидаризација и заедничка борба против сексуалното вознемирување, уличното вознемирување и мизогинијата, како и на нашите заложби за изградба на мир во општеството преку намалување на родовиот јаз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот