ФОТО | Од семејниот албум на Игор Џамбазов: Фотографија стара 45 години… избледена, пожолтена, ама вредна

игор џамбазов
Игор Џамбазов / Фото: Instagram

„Фотографија стара 45 години… избледена, пожолтена, ама вредна. На неа се трите генерации Прличкови – Џамбазови. Две третини од „бендов“ е на оној свет. Третава третина не се дава“, стои во описот на последната фотографија која Џамбазов ја сподели со своите фанови.

Актерот и шоумен Игор Џамбазов на својот инстаграм – профил често објавува фотографии од неговиот приватен живот. Се сеќава на минатото, поздравува пријатели, поддржува и бодри свои соработници.

Овој пат на инстаграм – профилот на Игор се најде една стара фотографија од неговиот семеен албум, на која актерот е фотографиран со неговата мајка, актерката Анче Џамбазова и неговиот дедо, актерот Петре Прличко.

Под фотографијата се редеа убави коментари од бројните фанови на Џамбазов, кој непропушта прилика да сподели убави моменти и спомени си своите обожаватели, а притоа да се присети на убавите времиња поминати со неговата мајка Анче и дедо му Прличко, врвни актери кои оставија посебен белег во театарска и филмска уметност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот