ФОТО: Од детето на ФК Беласица – до најдобриот македонски фудбалер во историјата!

Фото: facebook.com/belasicafc/

Горан Пандев на Европското првенство стави крај на репрезентативната кариера во дресот на најдобрата македонска фудбалска селекција..

„Гранде“ Пандев кој според многумина е најдобриот во историјата на македонскиот фудбал, имаше големи успеси на клупски план во својата кариера, а сега му се исполни и желбата со националната А репрезентација да настапи на едно големо натпреварување на кое успеа да го постигне првиот гол за Македонија на ЕП.

А неговата клупска кариера започна во фудбалскиот клуб Беласица од Струмица која секако не го заборава својот играч.

Потоа, од нашата земја се пресели во Италија развивајќи се во уште подобар играч, со Интер ги имаше најголемите успеси, освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите во 2010 година, со Наполи двапати го освои Купот на Италија, а истото натпреварување еднаш со Лацио. Играше и во Турција, за Галатасарај освојувајќи ја тамошната лига и купот.

Во вкупно 122 настапи тој е најдобриот стрелец во историјата на македонската сениорска репрезентација со 38 голови.

– Од детето на ФК Беласица – до најдобриот македонски фудбалер во историјата! Вчера, Гранде Горан за последен пат играше во светиот македонски репрезентативен дрес. По две децении, Пандев од репрезентацијата се опрости како рекордер во број на настапи (122), рекордер во број на постигнати голови (38) и како апсолутна легенда, голем капитен и најдобар македонски фудбалер во историјата.

Стоечки овации на стадионот „Јохан Кројф“ и поклон до земја од сите македонци и цел свет. Сосема заслужено. Гоче, ФК Беласица, твојот матичен клуб е гордост твоја, па така догодина, големиот јубилеј од 100 години постоење на клубот да го прославиме заедно, со великанот на македонскиот фудбал! Честитки за големата и успешна кариера во репрезентативниот дрес! – напишаа од ФК Беласица.

Фото: facebook.com/belasicafc/
Фото: facebook.com/belasicafc/
Фото: facebook.com/belasicafc/

 

Фото: EPA-EFE/Koen van Weel

Ристовски: Фудбалот се игра 90 минути, доста се тешиме дека сме некакви „херои“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот