ФОТО | Обожавателите се прашуваат: На што се должи новиот изглед на Зендаја?

зендаја
ФОТО: Инстаграм

Зендаја изгледаше одлично на селфи фотографија на „Инстаграм“, споделена со нејзините 101 милион следбеници. 24-годишната актерка ја покажа својата нова фризура со внатрешни плетенки – „cornrows“.

Не е јасно дали новиот изглед е за нејзината улога во хит серијата „Еуфорија“, бидејќи Зендаја во моментов ја снима втората сезона. Додека таа работи напорно на улогата, неодамна се пошегувала дека нема да им биде пријатно на фановите да ја гледаат.

зендаја
ФОТО: Инстаграм

„Тешка сезона е, јас сум во средина. Синоќа завршивме во 2:30 часот наутро, во хаос сме“, вели Зендаја во новото интервју за „Teen Vogue“. „Но, знаете, серијата беше интензивна. И многу е лично, не само за нас, туку и за другите луѓе кои можеа толку длабоко да се поврзат со ликовите или да видат како нивните искуства се рефлектираат преку ликот на Ру“, рекла таа.

„18 години потоа“: Зендаја ѝ оддаде почит на Бијонсе со својот моден избор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот