ФОТО | Oбожавател ја натера Анџелина Џоли да потпише постер со Бред Пит, погледнете ја нејзината реакција

Фото: T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia Pictured: Angelina Jolie

Без израз и емоции – вака изгледаше актерката Анџелина Џоли додека се потпишуваше на постер за филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во кој глуми покрај нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит.

Според „Пејџ сикс“, оваа малку непријатна ситуација Џоли ја поднела стоички обидувајќи се да не го погледне делот од постерот со лицето на Пит на него.

Фото: T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Обожавателот кој чекаше потпис од познатат аактерка дојде на Њујоршкиот филмски фестивал каде беше прикажан филмот на актерката „Марија“ во кој таа ја игра покојната оперска пејачка Марија Калас. За истиот филм актерката доби осумминутен аплауз од публиката на Филмскиот фестивал во Венеција.

Како што знаеме, филмот „Господин и госпоѓа Смит“ беше објавен во 2005 година, кога Пит го финализираше разводот со актерката Џенифер Анистон. Хемијата меѓу Бред и Анџелина од сетот на познатиот филм стана вистинска во 2014 година кога парот разменија завети на интимна церемонија во француската винарија Шато Миравал. Во бракот имаа шест деца, од кои три ги посвоија. Медокс, Пакс и Захара се посвоени, а Шајло, Нокс и Вивиен се биолошки родители.

Но, на љубовта на славниот пар ѝ дојде крајот. Иако открија дека се разделуваат во 2016 година, нивното раскинување беше јасно во 2019 година. Актерските ѕвезди поминаа низ неколку правни битки, а токму минатата недела Џоли поднесе барање за отфрлање на нејзината тужба против ФБИ поради наводниот инцидент на злоупотреба што го доживеала од Пит во приватен авион.

Анџелина Џоли ја заврши правната битка против ФБИ, која ги отфрли тврдењата дека Бред Пит ја малтретирал во приватен авион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот