ФОТО | Објавена последната фотографија од Халина Хачинс, трагично загинатата снимателка на филмот „Р’ѓа“

последна фотка на Халина Хачинс
Халина Хачинс/Facebook

Серж Светној, колега на Халина Хачинс сподели емотивна објава со фотографија од еден од последните моменти на снимањето на филмот „Р’ѓа“ со неа пред да биде смртно застрелана.

Серж Светној работел електрика на сетот на филмот во кој главна улога игра Алек Болдвин. Тој пред неколку дена објави фотографија на својот фејсбук-профил за која напиша дека е „последна фотографија со Халина на снимањето“.

Фотографијата се чини дека е направена во малата црква на филмскиот ранч во Ново Мексико. На сликата неколку членови на екипата стојат околу Болдвин кој е во костим, додека операторот на камерата мести кадар. Светној ја означи починатата Хачинс како стои во задниот дел од групата, свртена кон Болдвин.

Не е точно утврдено колку време пред фаталниот инцидент е направена фотографијата, пренесуваат од „People“

Серж/Халина
Серж/Халина/Facebook

Светној во друга емотивна објава на фејсбук напиша дека „стоел до Хачинс кога таа била застрелана и убиена од Болдвин“. Тој објасни дека работел со Хачинс на сите нејзини филмови и ја сметал за добра пријателка.

Алек Болдвин се огласи за првпат по трагедијата: Срцето ми е скршено

ФОТО | Човекот кој на Болдвин му го даде пиштолот и порано имал слични инциденти – пиштолот „случајно“ пукал

Видео на денот