ФОТО | Обама по бројните критики го прослави 60. роденден: Меѓу гостите беа Бијонсе, Клуни, Том Хенкс…

Барак Обама го прослави својот 60-ти роденден во друштво на бројни познати личности.

Поранешниот американски претседател Барак Обама во саботата го прослави својот 60-ти роденден на островот Мартас винејард, а иако ја намали листата на гости на семејството и блиските пријатели по критиките од американските медиуми, се чини дека бројни познати личности се негови блиски пријатели.

Музичката двојка Бијонсе и Џеј Зи, пејачот Џон Леџенд и неговата сопруга, манекенката Криси Тајген, кошаркарот Двејн Вејд и актерката Габриел Јунион, рок легендата Брус Спрингстин беа меѓу нив, објави „Бостон глоуб“.

                                                     Џон Леџенд и Криси Тајген – фото: Профимедиа

Холивудските ѕвезди Џорџ Клуни, Том Хенкс, Стивен Спилберг и Бредли Купер исто така може да се вбројат меѓу блиските пријатели на Обама.

Steven Spielberg

                                                               Стивен Спилберг – фото: Профимедиа

Пасторот Ал Шарптон, гостинот за кој многу  се шпекулираше, немал многу што да каже.

– Не зборуваме за тоа, но можам да потврдам дека сме во Мартас винејард – рекол Шарптон преку телефон за „Њујорк дејли њуз“ по 18 часот по локално време во саботата.

Опра Винфри и Ава ДиВернеј се нашле на конечната листа на гости, но не присуствувале на роденденската прослава поради брзото ширење на делта-сојот на коронавирусот, пишува „Венити фер“.

Новиот сој на коронавирусот, одговорен за масовниот пораст на зарази во земјата, го принуди Обама да го намали својот првичен список од 475 гости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabrielle Union-Wade (@gabunion)

                                                                           Двејн Вејд и Габриел Јунион

Квестлав не морал да се грижи за неговата покана, но комичарите Лери Дејвид, Конан О’Брајан и Дејвид Летерман, наводно, биле изоставени од листата па така  му се придружиле на советникот на Обама, Дејвид Акселрод.

Папараците ги снимија славните гости кои пристигнуваа да го прослават роденденот, во пресрет на кој сите се собраа во еден ресторан, а славеникот, додека ги пречекуваше, го кратеше времето играјќи голф.

Роденденот на Обама беше минатата среда, 4 август.

Procurile fotke s proslave 60. rođendana Baracka Obame, među uzvanicima su bili Beyonce, Spielberg, Clooney i mnoge druge slavne face

                                        Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот