ФОТО: Новиот шампионски прстен на Лејкерс, најскапиот во НБА историјата!

Фото: EPA-EFE/ROBERT GAUTHIER/LOS ANGELES TIMES

Синоќа започна новата сезона во НБА, а како што е секогаш по традиција во најсилната кошаркарска лига во светот, на шампионите од минатата сезона на Лос Анџелес лејкерс им беа доделени шампионските прстени пред одигрувањето на првиот натпревар.

Неколку часа пред мечот со Лос Анџелес клиперс беше откриено како ќе изгледаат прстените, а информациите велат дека тие се најскапите во НБА историјата.

Дизајнерот на прстените Џејсон Арашебен не ја откри точната цена, но само додаде дека прстенот е од непроценливо значење.

Со 16,45 карати, од сите детали на него, можеби највпечатливо е што горниот дел од прстенот може да се отстрани, а во внатрешноста се наоѓаат дресовите на сите пензионирани играчи на Лејкерс со посебен акцент на покојниот Коби Брајант.

Арашебен ги дизајнираше и последните два шампионски прстени на Лејкерс од 2009 и 2010 година тогаш за најмалку четири месеци. Поради пандемијата, тој сега мораше да дизајнира и заврши сè за само еден месец, со тим на луѓе кои работеа и во ноќните часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот