ФОТО: Нови протести во Мјанмар и покрај заканите од воената хунта

Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Мјанмарските демонстранти и денеска се собраа на улиците на Јангон, и покрај заканите од страна на воената хунта дека ќе употреби сила врз нив доколку одговорат на повикот за генерален штрајк.

Повеќе од 1.000 демонстранти се собраа околу американската амбасада во Јангон, а недалеку од таму беа распоредени 20 воени камиони, во кои се наоѓаа членови на полициските сили за брза реакција.

Поддржувачите на движењето за граѓанска непослушност, што го води отпорот, го повикаа народот да се обедини пред „пролетната револуција”.

Фото: EPA-EFE/NYEIN CHAN NAING

Работниците и државните службеници се приклучија на движењето за граѓанска непослушност, одбивајќи да работат се додека воената хунта не и ја врати власта во демократски избраната влада.

Полицијата во саботата уби две лица во Мандалај, а вчера беше погребана девојката која почина од здобиените повреди. Таа беше првата жртва од почетокот на протестот на 1 февруари против пучот во кој беше соборена избраната влада на Аунг Сан Су Чи.

Фото: EPA-EFE/NYEIN CHAN NAING

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така, го осуди насилното задушување на протестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот