ФОТО: Новата Мис Универзум е Мексиканката Андреа Меза

Instagram

Овогодинешниот избор за Мис Универзум се одржа по шеесет и деветти пат во Холивуд, Флорида, во хотелот и казиното „Семиноле Хард Рок“.

Зозибини Тунзи ја предаде круната по скоро година и пол, што ја прави Мис универзум со најдолг стаж во историјата на ова натпреварување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Meza (@andreamezamx)

Овогодинешната победничка на најпрестижниот избор за убавина во светот е Андреа Меза од Мексико. Таа има дваесет и шест години и иако по професија е инженерка, таа е фокусирана на борбата за правата на жените и соработува со организации за борба против насилството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Meza (@andreamezamx)

Меза е член на глобална организација за собирање средства во Индија, Индонезија и Кина. Сака екстремни спортови и е туристички амбасадор на градот Чивава, од каде и самата потекнува.

По прелиминарната претквалификација одржана два дена пред финалето, беше одлучено дека во „Топ21“ влегуваат Аргентина, Австралија, Бразил, Колумбија, Костарика, Курасао, Доминиканска Република, Франција, Велика Британија, Индија, Индонезија, Јамајка, Мексико, Мјанмар, Никарагва, Перу, Филипини, Порткорико, Тајланд, САД и Виетнам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Meza (@andreamezamx)

Дваесет и една финалистка прошета на сцената во костим за капење, а најатрактивните и најсигурни убавици се пласираа во „Топ 10“ и тоа претставничките на Австралија, Бразил, Костарика, Доминиканска Република, Индија, Јамајка, Мексико, Перо, Порторико и Тајланд.

Дваесет финалистки беа избрани по прелиминарниот натпревар, додека Мис Виетнам победи на гласањето преку Интернет. А, наградата за најдобра национална носија ѝ припадна на Мис на Мјанмар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Meza (@andreamezamx)

Натпреварот продолжи во вечерни фустани, а потоа жирито одлучи дека петте најубави девојки на изборот „Мис Универзум 2020“ се претставничките на Бразил, Доминиканска Република, Индија, Мексико и Перу. Токму тие имаа можност да одговорат на прашањата на жирито.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Gama (@juliawgama)

Прва придружинчка беше Мис на Бразил Џулиа Гама, која ќе ги преземе должностите во случај победничката да не може да ги исполни обврските, а за втора придружничка беше одбрана Мис Перу, Јаник Мацета.

Изборот го водеа Марио Лопез и некогашната Мис на универзумот Оливија Кулпо. Поранешната мисица Паулина Вега и Деми Лиа Нел Питерс го следеа настанот од зад сцената, додека пак жирито, беше составено од успешни деловни жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот