ФОТО: Новак во Токио ја најде двојничката на неговата сопруга

Фото:EPA/CHRISTOPHE KARABA

Новак Ѓоковиќ е главна ѕвезда во олимпиското село и на Игрите во Токио, и поради тоа често влегува во неочекувани ситуации и разговори. Но, Новак не можеше да помисли дека токму во Јапонија и во олимпиското село ќе ја сретне спортистката која личи на неговата сопруга Јелена.

Српскиот тенисер ужива во олимпиското село и признава дека сака да разменува искуства со остнатите спортисти, посебно кога станува збор за исхраната и тренинзите, а од бројните селфи фотографии најголемо внимание кај неговите фанови привлече таа со пливачката од Алжир, Амал Мелих бидејќи неодоливо потсетува на неговата сопруга Јелена.

Пливачката и Јелена имаат иста боја на очите, но и боја на косата, а бидејќи Мелих е фотографирана со маска на лицето, сличноста со сопругатана тенисерот е неверојатна.

фото: Инстаграм/amelmelih
Видео на денот