ФОТО | Нов проект вреден 5 милијарди долари: Дали Месечината ќе се „спушти“ во Дубаи?

Фото: Instagram/ pubity

Предложениот проект од 5 милијарди долари има цел да го подигне Дубаи во нови височини со тоа што симболот на ноќното небо ќе се „спушти долу“ на Земјата, пренесува „Ап Њус“.

Канадскиот претприемач Мајкл Хендерсон замислил реплика на Месечината со пречник од 274 метри што ќе стои на врвот на зграда висока 30 метри во Дубаи.

Фото: Instagram/ pubity

Проектот на Андерсон едноставно наречен „Месечина“ лесно би се вклопил во футуристичкиот дизајн на градот. Покрај фактот што многу големи и скапи проекти пропаднаа, претприемачот вели дека неговата идеја воопшто не е тешка за остварување.

„Го имаме најголемиот бренд на светот. Осум милијарди луѓе знаат за тоа, а ние сè уште не сме почнале“, изјави тој за АП, мислејќи на сателитот на Земјата.

Проектот би вклучувал огромен комплекс од одмаралиште со хотел со 4.000 соби, арена со 10.000 седишта и „лунарна колонија“ која би можела да симулира живот на Месечината. Џиновската сферична зграда би била поставена на кружен постамент и навечер би светела.

Фото: Instagram/ pubity

Андерсон ја претстави својата визија на саемот за арапски туризам овој месец во Дубаи. Дизајнерите веќе направија неколку графички прикази каде би се наоѓала „Месечината“, вклучително и во близината на облакодерот „Бурџ Калифа“.

Втората локација е на местото на бисерот на Дубаи, во близина на архипелагот „Палм Јумеирах“, проект кој долго време е недовршен и сега е во процес на уривање. Третата локација може да биде на местото на „Палм Џебел Али“, уште еден неуспешен проект.

Фото: Instagram/ pubity

Ова се два проекти кои останаа недовршени поради финансиската криза во 2008 и 2009 година, кои тешко го погодија Дубаи, принудувајќи го Абу Даби да обезбеди финансиска помош од 20 милијарди долари.

Речиси 15 години подоцна, во Дубаи ситуацијата е поинаква. Изнајмувањата на живеалиште во просек се зголемени за 26,9 отсто на годишно ниво, дури и со заштита против зголемување на цените. Дубаи забележа 86.849 продажби на станбени објекти минатата година, надминувајќи го претходниот рекорд од 80.831 од 2009 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот