ФОТО | Ноќница или фустан: Критичарите го одбраа најлошиот моден изглед на Ријана

epa-efe
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Миленичката на модните критичари и често прогласувана за најстилизираната жена на светот, по долго време направи грешка во модниот избор. Иако звучи неверојатно за Ријана која е модна икона, се потврди дека и најдобрите грешат.

Неодамна пејачката се прошета во вечерен изглед, што е во најмала рака, според модните критиари е одраз на лош стил. Имено, пејачката беше фотографирана пред еден ресторан во Лос Анџелес, а за таа пригода избрала црн, прекраток, лелеав фустан со детали од тантела и сатенска кошула како наметка. Изгледот го надополнила со елегантни црни салонки, а тоа е единственото нешто што им се допаднало на модните критичари.

Profimedia
Profimedia

Иако лелеавите фустани се многу популарни во моментов, треба да бидете внимателни со нив кога станува збор за стајлинг, а според модните критичари ова е дефинитивно добар пример за тоа како не треба да се носат.

Видео на денот