ФОТО | „No Time To Die“: Конечно премиера на долгоочекуваниот Џејмс Бонд
25-тото филмско издание на легендарниот Џејмс Бонд насловено „No Time To Die“ ја имаше својата долгоочекувана премиера во „Royal Albert Hall“ во Лондон.
На црвениот килим на светската премиера на филмот зачекорија актерите Даниел Крег, Рами Малек и Лашана Линч кои се појавуваат во главните улоги.
View this post on Instagram
Покрај нив појавување на премиерата имаа и останатите актери кои од филмот Ана де Армис, Леа Сејду, Наоми Харис, музичката ѕвезда Били Ајлиш која ја создаде насловната музичка тема, но и членовите на кралското семејство Принцот Чарлс, Камила, Вилијам и Кејт Мидлтон.
View this post on Instagram
Премиерата на филмот беше одложувана во повеќе наврати, но како „неверојатно важна за кинематографијата и историјата“ конечно го олесни теретот и се одржа 18 месеци по првото закажување.
View this post on Instagram
Ова е петтото издание на британскиот актер Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, што всушност ќе биде и последното за него по 15 години како шпион со дозвола за убивање.
„Ова беше огромен дел од мојот живот. Никогаш нема да не мислам на ова, ова е премногу голема работа во мојот живот“ изјави Крег за време на премиерата на „No Time To Die“.
View this post on Instagram
Овој Бонд филм, кој е 25-ти по ред во серијата, наиде да одлична критика. По неколкукратните одложувања се стравуваше дека резултатот ќе биде антиклимакс, но според реакциите филмот ги надмина очекувањата, а еднa од изјавите го нарекува „воскресение“.
Во филмот, чие дејствие е сместено во Италија, разочараниот Џејмс ќе биде одвлечкан од пензија за да повторно работи покрај неговата помлада замена во МИ6, Номи (Линч). Ќе се здружи и со агентката на ЦИА, Палома (Ана де Армис), но нема да може да ја избегне и поранешната љубовница Маделин Сван (Леа Сејду) која ќе сподели тајни со двајцата негативци.
View this post on Instagram
„Бев неверојатно среќен. Неверојатно сум горд… но време е да продолжам понатаму.“
View this post on Instagram
View this post on Instagram