ФОТО: Ниту маската не му пречеше на Чурлинов да биде еден од најдобрите играчи во победата над Лихтенштајн

Чурлинов настапи со маска поради повредата на вилицата/ фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера оствари убедлив триумф над Лихтенштајн од 0:4 во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар и се искачи на второто место на табелата во групата Ј.

Фудбалерите со убедливиот триумф ја прекинаа и серијата од три нерешени натпревари по ред, а воедно ова беше и прво славје и за селекторот Благоја Милевски.

Иако сите македонски фудбалери блескаа на теренот на „Рајнпарк“ стадионот, Дарко Велковски и Дарко Чурлинов добија највисоки оценки од европските интернет страници кои ги анализираат натпреварите и ги оценуваат играчите.

Токму Дарко Велковски го отвори резултатот со голот во 39 минута и за прикажаната игра како во одбраната така и во офанзивниот дел, беше награден со оценка девет.

Маската не му пречеше на Чурлонинов да биде вистинска опасност за голот на Лихтенштајн/ фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Сепак, највпечатлив настап имаше Дарко Чурлинов не само поради прикажаната игра туку и поради изгледот со кој настапи на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуз. Чурлинов на себе имаше црна заштитна маска поради повредата на вилицата.
– Дарко Чурлинов заработи повреда на вилицата, но за среќа не се работи за ништо посериозно, би требало да биде подготвен за настап – беа зборовите на селекторот Милевски пред собирот на репрезентацијата.

Чурлинов постигна еден гол во триумфот над Лихтенштајн/ фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Селекторот беше во право, маската не му пречеше на Чурлинов да биде вистинска опасност пред голот на Бухел, одличната игра ја круниса со гол во 83 минута со кој го постави конечниот резултат.
„Маскираниот“ Чурлинов за својата игра беше награден со оценка 8.5. Висока оценка заработи и Аријан Адеми кој доби осумка за својата игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот