ФОТО | „Ништо не е исто со неговото заминување“: Тони Цетински 14 години тагувa по Тоше

Фото: Принтскрин / Facebook

Во сеќавање на 14-годишнината од смртта на нашиот Тоше Проески, неговиот голем пријател и колега, хрватскиот пејач Тони Цетински со своите обожаватели сподели дека никогаш нема да го преболи заминувањето на неговиот пријател, соработник и колега.

– И денес четиринаесет години подоцна, тешко е да се зборува за Тоше, како и првиот ден кога се случи. Ништо не е исто со неговото заминување, а секој ден, месец и година фали уште повеќе, не само мене, туку и на сите нас кои имавме привилегија да го познаваме, да се дружиме, да работиме заедно, да се радуваме и да тагуваме! Искрено верувам дека од тој заминал во подобар свет, но благодарение на неговите дела и првенствено човечките доблести и скромност, останува засекогаш доказ и еден од оние кои ја враќаат вербата во човештвото и Бога. Сигурен сум дека тој нè чува на некој начин и нè чува за овој земски живот, затоа што тој беше и остана ангел на добрината. Ќе го сакаме засекогаш, и сè што планиравме заедно знам како ќе надокнадиме кога ќе се сретнеме во некој план, горе во вселената… ЗАСЕКОГАШ ВО СРЦЕТО, стои во описот на објавата на Цетински.

Кобниот 16 октомври 2007 година, кој го памети цела македонска јавност е денот кога Тоше загина во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Хрватска. Имаше само 26 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот