ФОТО | Нина Дуковска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со превкусна посна и здрава пица!

Време е за здрава пица!

Потребни состојки:

  • *диетално тесто за пица
  • сусам
  • песто од босилек
  • роктвички
  • печурки
  • млад кромид

*јас моето диетално тесто го купив од gorobusta, но секако може да направите и диетално тесто дома, како и да побарате во најблискиот маркет

Подготовка

Исечете ги печурките и ротквиците на тенки парчиња. Потоа, намачкајте го тестото за пица со тенок слој од пестото, наросете со сусам и наредете ги печурките и ротквиците.

Исечете ги перките од младиот кромид на ситни парчиња и ставете ги над другите зеленчуци. Вашата здрава пица сега е спремна за печење!

Доколку го користите диеталното тесто што го употребив јас, треба да знаете дека процесот на печење не е исто како кај другите бели теста, односно се пече 6-7 минути во рерна на температура од 200 степени. Доколку ја правите вашата здрава пица со домашно тесто, следете ги инструкциите за печење од рецептот или пак на амбалажата, доколку го купите од маркет.

Послужете штом е готова, а можете да ја комбинирате со доматен или друг сос по желба.

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот