ФОТО: Нина Бадриќ: Ти благодарам животе, срцето ми се смее!

Фото: Instagram

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на својот инстаграм – профил објави фотографии на кои позира во лелеав црвен фустан кој совршено и прилега. Фановите воодупевени од природната убавина на пејачката ја осипаа со комплименти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Ти благодарам животе, срцето ми се смее, напиша Нина под објавата и додаде емотикон – срце.

Убавата хрватска пејачка ужива во летниот одмор на Хвар, а притоа често ги изненадува своите фанови со прекрасни фотографии. Покрај големите хитови и совршениот глас, природната убавина на пејачката дополнително ги освојува нејзините бројни фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


Нина Бадриќ важи за една од најдобро облечените жени на Балканот, а притоа согласно приликата избира и гламурозни модни парчиња кои се во тренд. Пејачката често носи и деним – урбани брендови достапни за пошироката маса, но согласно поводите и елегантни парчиња облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот