ФОТО | Николина Пишек ја симна црнината: Со рози во косата порача…

Фото: Инстаграм

Поминаа нешто повеќе од 40 дена откако почина сопругот на хрватската водителка Николина Пишек, српскиот историчар на уметноста Видое Ристовиќ, а таа ја симна црнината.

Имено, Николина сега се огласи на својот инстаграм-профил и со своите следбеници сподели како се чувствува. Таа носела розов фустан и цветови на главата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

„Вака решив да се чувствувам отсега па натаму! Знам дека ќе има подеми и падови, тешки моменти, болка, но и радост… Животот тече. Знам кој не би сакал да се заробам во тага и во стапицата на предавање на судбината, а знам кој не би замолчам. Задолжена сум доживотно да бидам борец за оние кои го заслужуваат тоа. И знам дека мојот сопруг тоа би го благословил… И тука сум, потпора и карпа кога е потребно, од која ќе се скршат сите лоши мисли и намери. Вистината е вистинската вредност. Често е почудна од фикцијата, но тоа е затоа што фикцијата е обврзана да се држи до веројатноста; вистината не е. Повторувањето не ја претвора лагата во вистина, понекогаш тоа се заборава. По долго време се почувствував утешена. И вратена во живот. Се гледаме повторно наскоро“, напишала Николина.

Видое пред месец и половина почина на 44-годишна возраст. Покрај болката поради губењето на сопругот, кавгите околу наследството со свекорот Миша Гроф, Николина треба да се справи и со финансиски проблеми.

Почина Видое Ристовиќ, сопругот на Николина Пишек: Скршената водителка ја потврди тажната вест

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

Пристигнаа резултатите од обдукцијата: Утврдено од што починал Видое Ристовиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот