ФОТО | Николас Кејџ непрепознатлив во новата улога за филмот „Dream Scenario“

Фото: Принтскрин - Твитер

Американскиот актер и продуцент Николас Кејџ моментално го снима филмот „Dream Scenario“ во Торонто и фановите се изненадени од неговата трансформација бидејќи тој целосно се смени за улогата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darryl Edge (@cageragepod)


Во комедијата „Dream Scenario“ , на норвешкиот режисер и сценарист Кристофер Боргли, Кејџ игра запоставен и неуспешен професор кој преку ноќ станува славна личност откако ќе се појави во соништата на сите на планетата.

Актерот е тешко препознатлив на фотогафиите од снимањето бидејќи е ќелав и има сива брада. Кејџ и неговата сопруга Рико Шибата неодамна го добија своето прво дете, девојчето Август Франческа Копола Кејџ.

„Николас и Рико се среќни со раѓањето на нивната ќерка. Мајката и ќерката се добро“ – потврди претставникот на парот за магазинот People.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот