ФОТО: Никој не може да ја препознае Деми Левато – Ова не е нова фризура, ова е нова жена!

Фото: Профимедиа

Дали и вие би имале храброст за ваква промена?

Пејачката Деми Левато целосно го измени својот изглед, речиси до непрепознатливост!

Таа успеа во тоа така што своите долги локни ги потстрижи во храбра „mohawk“ фризура.

Со едната целосно избричена страна и со фарбањето на препознатливата црнка во блонди девојка, пејачката сега изгледа сосема поинакво.

Фото: Инстаграм

Колку и се допаѓа новиот имиџ таа покажа со серијата фотографии на Инстаграм, на кои гордо позираше откривајќи ги сите детали на својата нова, атрактивна фризура.

„Нешто направив“, напиша кратко Деми, покажувајќи го најпрвин избричениот дел од главата.

Фото: Инстаграм

Фановите на познатата пејачка беа многу изненадени од транформацијата на која таа се одлучила, па со голема брзина нејзинити нови фотографии собраа милиони лајкови и илјадници коментари.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот