ФОТО | Никој како Канје Вест: Раперот закупи стадион и спие во него во име на инспирација

donda донда канје вест албум
ФОТО: Инстаграм

По еднократното преслушување на албумот „Donda“, Канје Вест останал да живее во стадионот „Mercedes-Benz“ во Атланта додека не го заврши и издаде долгоочекуваниот албум.

Анонимен избор за „PageSix“ рекол дека „Тој е во приватен простор внатре во зградата“ во стадионот со 71.000 седишта. Друг извор рекол дека има соба во зградата на чија врата пишувало: „Студио Донда на стадионот Мерцедес-Бенц“.

Ексцентричниот рапер минатата недела организираше промоција на стадионот и планираше да ја објави својата нова музика. Но, големото очекувано објавување на албумот беше одложено, повторно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NAGIL (@brazy__yute)

Официјалниот „Твитер“ профил на стадионот во Атланта во моментов е преименуван во „DONDA Studio at Mercedes-Benz Stadium“, како признание за заземениот простор во кој Канје Вест го комплетира својот 10-ти студиски албум именуван по неговата покојна мајка Донда Вест.

Во понеделникот претставник за стадионот потврдил за „HNL“ дека Канје формирал студио во зградата, пренесува „CNN“.

А, во меѓувреме се шират гласини дека раперот плаќал еден милион долари дневно за да го закупи стадионот.

Вест сподели фотографија од внатрешноста на зградата на неговиот профил на „Инстаграм“, и како што се чини, престојува во соблекувална.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)

Гледачи кои присуствувале на фудбалски натпревар во стадионот споделиле фотографии и снимки од Вест, облечен во иста облека и маска што ги носел на настанот за слушање, на фудбалскиот натпревар.

Видео на денот