ФОТО: Никна праз во фонтана во Аеродром

Деновиве жителите на општина Аеродром се сведоци на една интересна сцена. Имено, „преку ноќ“ никна праз во фонтаната која се наоѓа во близина на ТЦ Бисер, а која беше затрупана со земја за таму да бидат насадени цвеќиња и зимзелени дрвца.

Според извори на порталот Плусинфо, се работи за герила-акција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– По барање на граѓаните, одлучено е фонтаната да биде претворена во хортикултурно катче, а деновиве ќе бидат насадени цвеќиња и зимзелени дрва. Поради тоа што е скапо повторно да се репарира фонтаната која е стара повеќе од 12 години, се одлучивме на ваков чекор. Во врска со насадените празови, тоа не е ништо друго освен евтина герила-акција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, објасни Владимир Стевков, секретар во Општина Аеродром за Плусинфо.

Сепак, сето ова наиде на интересни реакции на социјалните мрежи.

– После затрупувањето, фонтаната е и успешно посадена со праз. Да, праз, зошто само празна глава може ова да го направи. Златко, имаш ли памет?, се вели во една од објавите на Фејсбук.

– Аеродромскиот Илон Маск – Златко Марин од фонтана направи цвеќарник. Иноваторство на ниво! Затоа и некои друго иноватори посадија праз. Изум на ниво, напиша еден од корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот