ФОТО | Ние во капути, а Лила во костим за капење: Каде и со кого летува нашата позната водителка средe ноември?

Фото: Принтскрин / Instagram

Нашата позната водителка и инфлуенсерка ужива во Фуџаира или како што таа вели: „Во еден од седумте емирати, сместен на оманскиот залив одалечен на час и половина од најпопуларниот Емират Дубаи. Она што го издвојува Фуџаира од останатите емирати се песочните плажи и прекрасното море, одлична клима (не е така несносно жешко) бидејки има планини и убава вегетација. Во последниов период станува главна туристичка дестинација за летување во некој од луксузните ресорти, одмор за целото семејство, за млади и сите што сакаат да уживаат во вистински одмор особено во период кога е зима па сакаат да побегнат во топлите краишта“.

Додека ние ги ловиме последните знаци од студеното ноемвриско сонце, Лила овие денови ги поминува во костим за капење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)


Предноста на ваквите топли краишта како Дубаи и останатите емирати е што и сега е многу топло па може да има ноќно бањање…а наочариве се тука за „уметнички дојам“, а и да не ме препознаат фановите од Дубаи. Толку за сега, а утре ме очекуваат нови патешествија …имам уште многу работи да ви претставам, стои во описот на фотографија на која водителката изгледа неодоливо во пурпурен едноделен костим за капење.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

За уживањето да биде комплетно, водителката е во друштво прекрасни дами со кои комплетно ужива и се забавува. Едноставно, летото за Лила нема крај!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот